Skip to main content

Апр 13, 2022
Комисија за заразни болести
Предлог за укинување на задолжителното поседување сертификат за влез во земјава. Во ресторани, кафани, барови останува мерката за поседување сертификат за вакцина/прележаност.

Апр 13, 2022
МВР
Првоосомничениот за убиството на Тот е приведен и спроведен во Затвор Скопје за издржување мерка притвор. Лицето само се предало.

Апр 12, 2022
Пандемија ковид 19
Паднаа маските. Владата ги усвои препораките на Комисијата за заразни болести и истите веднаш ќе бидат објавени во Службен весник.

Апр 12, 2022
Кризен штаб
На петтата седница на Главниот координативен кризен штаб беа усвоени повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.

Апр 12, 2022
Туризам
Според најновите статистики на Светската туристичка организација, заздравува секторот туризам во Република Северна Македонија.

Апр 11, 2022
Регулаторна комисија за енергетика
Цената на дизел горивото од ноќеска на полноќ се намалува за два денари по литар, а бензините поевтинуваат за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Апр 11, 2022
Клиника за неврохирургија
Инцидент се случил синоќа на Клиниката за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Пациент нападнал друг пациент и болничар, по што скокнал од вториот кат.

Апр 11, 2022
УХМР
Временските услови се поволни и за активности во градинарството, како и во тутунопризводството, нега на леите за производство на расад.