Од утре нови мерки за влез и излез од Македонија
Министерот за здравство Венко Филипче информира дека на утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести разговарале за воведување дополнителна мерка – за влез и за излез од нашата земја за сите граѓани, наши државјани или странци, да биде барана потврда за примена вакцина, негативен ПЦР-тест или доказ дека ја прележале болеста.
Околу 600 полициски службеници ангажирани во последното деноноќие за пожарите
Во текот на изминатото деноноќие, во периодот од 07.00 часот на 13.08.2021 до 07.00 часот денеска (14.08.2021), во активностите за гаснење и превенирање на пожарите на територијата на Македонија, од страна на МВР беа ангажирани 590 полициски службеници, вклучувајќи ги и припадниците на сите специјални единици на полицијата, реализирани 216 мото-патроли и користени 159 моторни возила.
Зголемен интересот за вакцинација
Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.
МНР : Македонските граѓани да не патуваат во Авганистан
Поради влошената безбедносна состојба и зголемениот интензитет на воени дејствија во Авганистан, Министерството за надворешни работи препорачува на сите граѓани на Република Македонија да не патуваат во оваа држава, а доколку моментално се наоѓаат во земјата, заради лична безбедност да заминат во најскоро можно време.
ССМ : Невакцинирате не можат да бидат избркани од работа
На работниците им укажуваме да ги следат препораките и упатствата на здравствените власти во поглед на процесот на имунизација, но потсетуваме дека пријавувањето за вакцинација е доброволно, велат од ССМ.
Жолта и портокалова фаза денес во Македонија
Времето денеска, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки рабови (УХМР), ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9.
Климатолозите со црни предвидувања за Балканот
Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите.
Филипче и Комисијата бараат мерки за Тетовскиот Регион
Министерот за здравство д-р Венко Филипче на утринска координација со членови на Комисијата за заразни болести разговараа за епидемиолошката состојба во Тетово и се договорија до ГККШ на Владата да предложат нови мерки за овој регион, како би се спречило рапидното ширење на вирусот Ковид 19.