АМСМ: Поради минирање, во четврток од 12:00 до 15:00 часот краток прекин во сообраќајот на патот Кичево-Охрид
Поради изведување на градежни активности (минирање) на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на делницата Пресека-село Врбјани, во четврток, на 1. јули 2021 година ќе има прекин во сообраќајот од 15-20 минути, во периодот помеѓу 12:00 и 15:00 часот, информираат од АМСМ.
Вакцинација со забрзано темпо со „Синовак“ и „Фајзер“
Вакцинацијата во наредните денови ќе се одвива со забрзано темпо, по пристигнувањето на пратката од вкупно 500 000 илјади вакцини од кинескиот производител „Синовак“. Во петокот во С. Македонија пристигнаа и 100.620 дози од вакцината „Фајзер“, набавени преку Ковакс механизмот.
Од 1-ви јули без роаминг: Зборувајте како дома во Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ
Земјите од регионот одбројуваат. Уште три дена и од четврток 1 јули конечно паѓаат цените за мобилните разговори но и за роамингот на нула денари односно на цени како да сте дома помеѓу сите земји од западен Балкан.
Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер
Собранието ја избра новата Влада по два дена дебата. Опозициските пратеници гласаа против, обвинувајќи дека овој владин кабинет нема политички легитимитет и за можно предавство во преговорите со Бугарија. Владејачкото мнозинство ги отфрли барањата на опозицијата за предвремени избори.
Филипче: До 15 јули ќе бидат вакцинирани сите пријавени
Денеска попладне ќе пристигнат 100 000 дози од вакцината на „Фајзер“, а наредните денови и 500 000 од кинески „Синовак“, со што ќе имаме вакцини за 300 000 луѓе.
Филипче: Ако состојбата е стабилна, учениците треба да се вратат во клупите од септември
Доколку епидемиолошката состојба и во септември биде мирна и стабилна како сега, учениците треба да се вратат во школските клупи, најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.
Вакцините на „Фајзер” и „Астра Зенека” ефикасни против делта варијантата на коронаворусот
Вакцините против Ковид-19, развиени од „Фајзер”/ „БиоНТек” и „Астра Зенека”, генерално се ефикасни против делта и капа варијантите на коронавирусот, што за првпат беа идентификувани во Индија, покажа најновото научно истражување на Универзитетот Оксфорд, објавено во списанието „Цел”.
Секој четврти тестиран е ковид позитивен, со омикрон заразени 68 проценти
Секој четврти тестиран, според последната статистика на МЗ, е позитивен на Ковид-19, а 68 проценти од секвенционираните примероци се со новиот сој на вирусот – омикрон.