Фев 25, 2023
Демографија
Расте уделот на постари од 65год во вкупното население
Само Луксембург , Ирска, Албанија, Црна Гора и Кипар имаат помалку стари лица во вкупната популација,покажаа новите податоци на Евростат.
Фев 25, 2023
МТСП
Минималната плата од март ќе биде 20.175ден
Зголемувањето на минималната плата ќе биде за 12,55 отсто. Ова значи дека граѓаните добиваат повисоки плати за над 2000 денари.
Фев 25, 2023
Животен стандард
Бектеши: Во вторник ќе се замрзне цената на лебот
Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и полубелиот леб. Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки, изјави на денешната прес-конференција Министерот за економија Крешник Бектеши.
Фев 24, 2023
Веднаш е пристапено кон евакуација
И денеска закани во училишта за поставена бомба
МОН препорачува во денови кога учениците се евакуираат поради закани за бомби, да се организира онлајн настава со цел повеќе да не се губи од наставата.
Фев 23, 2023
Овации за Биљана Драгиќевиќ Пројковска во Народниот театар во Софија
Поканата за гостувањето на сцената на Народниот театар во Софија, е големо признание за нашата актерка, бидејќи овој театар со своите претстави е еден од водечките во регионот и Европа.
Фев 22, 2023
Агенција за цивилно воздухопловство
Потпишана Меѓународна спогодба за спасување во воздухопловство
Агенциите за цивилно воздухопловство на Македонија, Србија, Словенија и Црна Гора денеска во Охрид потпишаа Спогодба за потраги и спасување како дел од заедничките операции на земјите од регионот во цивилната авијација. Ваков вид на меморандум е прв во Европа. Оваа година Македонија го презема претседавањето со Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство.
Фев 22, 2023
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството
Исплатени субвенциите за градинарско производство
По лозаропроизводителите и полјоделците, ја исплаќаме и финансиската поддршка за градинарите. Во следните денови продолжуваме со исплата на останатите мерки од растителното и сточарското производство, истакна директорот Бачовски.
Фев 22, 2023
Собрание
Продолжува собраниската седница за реконструкција на Владата
Денеска продолжува 104-тата седница на Собранието на Македонија која што е посветена на владината реконструкција.
