Фев 17, 2023
Да сопре омаловажувањето и притисокот
Протестен марш на новинарите
Новинарите и снимателите со протестен марш го искажаа незадоволството од нападите врз нив, навредите од страна на функционерите и политичарите, нетранспарентноста, агресивниот државен пи ар, нелојалната конкуренција и небезбедните услови за работа. Организаторите, Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници упатија барања до владата и потсетија дека новинарството е јавно добро, а новинарите работат за јавниот интерес.
Фев 17, 2023
Фонд за здравствено осигурување
ФЗОМ : Податоците на граѓаните се безбедни
Од Фондот за здравствено осигурување уверуваат дека личните податоци на граѓаните се безбедни. Од наредната недела се очекува и исплата на платите на здравствените работници.
Фев 17, 2023
Соопштение од лекарска комора
Измените во Кривичниот законик ќе донесат побезбедна околина за лекарите и пациентите
Лекарската комора останува отворена за своите членови да ги пријавуваат инцидентите со кои се соочуваат и да пружа помош и поддршка, како и будно да го следи постапувањето на надлежните институции.
Фев 15, 2023
Пресметки на сојузот на синдикати
За минимални месечни трошоци во јануари биле потребни 50.799 денари
Според податоците за синдикалната потрошувачка кошничка објавени денеска, најмногу пари или 19.206 денари се трошат за храна и пијалоци, а 13.313 денари за режиски трошоци. За хигиена биле потребни минимум 3.097 денари, а за превоз 3.668 денари.
Фев 15, 2023
Граѓаните да аплицираат до крајот на месецот
Продолжува субвенционирањето на сметките за струја
Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб- страната на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.
Фев 14, 2023
Прв критички одглас
Излезе сејачот да сее, прв роман за Блаже Конески
Објавен е првиот критички одглас за првиот и досега единствен роман за Блаже Конески – „Излезе сејачот да сее“ од Паскал Гилевски, кој излезе од печат минатата година.
Фев 14, 2023
Нов закон за работни односи
КСОМ бара платата да се исплаќа до петти во месецот
Претседателот на КСОМ Марјан Ристески изјави дека во новиот Закон за работни односи ќе бараат платата да се исплаќа до петти во месецот.
Фев 14, 2023
Катастрофален земјотрес
Црвен крст ја испраќа првата пратка со хуманитарна помош во Турција и Сирија
Турскиот амбасадор изрази благодарност до македонските граѓани и државата за организацијата и помошта за настраданите во земјотресот.







