Skip to main content

Апр 27, 2020

Министерот Филипче информираше дека Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести, дека ќе достават предлог до Владата, санкционирањето за неносење заштитна опрема да почне веќе веднаш, односно утре или најдоцна во вторник.


Апр 24, 2020

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 36 оздравени пациенти. Од нив 2 пациенти од болничко лекување и 34 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје- 15, Прилеп- 6, Велес- 3, Кочани -2, Пробиштип-1 и Штип -7.


Апр 24, 2020

Резултатите од тестовите за коронавирус на премиерот на Техничката влада Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и градоначалникот на Општина Куманови Максим Димитриевски се негативни.


Апр 23, 2020

Денеска во „Службен весник на Република Северна Македонија“ е објавена Уредбата со законска сила за носење лична заштита заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, што ја донесе Владата на својата 45-та седница.


Апр 22, 2020

Во рамки на помошта од Европската унија обезбедени се 12 респиратори и 5.000 „N95“ маски, објави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.


Апр 21, 2020

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести на утрешната седница на владата ќе и ги достават предлог мерките да се скрати полицискиот час и преку неделата и за време на викендот, но ќе се достават ии нови предлог мерки за задолжително носење на заштитна опрема во затворени простории и на отворено каде не е можно да се одржи дистанца подолга од два метри.Трендот на намалување на новозаболени лица со ковид-19 регистриран во последните два дена не значи дека врвот на епидемијата со коронавирусот е зад нас. Според министерот за здравство Венко Филипче, тоа е резултат на намалениот број на тестирања за време на празниците. Врвот на болеста, како што вели, допрва нè очекува.


Апр 21, 2020

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 излекувани пациенти кои се лекуваа во домашни услови. Излекувани пациенти се евидентирани во: Скопје – 4, Дебар – 4, Струмица – 1, Куманово – 1, Штип – 3, Прилеп – 3, Кочани – 5 и Тетово – 3.


Апр 20, 2020

На својата последна одржана  седница Владата ја разгледа и усвои Информација за исплата на пензии за април 2020 година, и го задолжи Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 23.04.2020 година.