Skip to main content
ЗНМ
Јан 26, 2023
Здружение на новинари на македонија
Слободното новинарство постои за граѓаните и за заштита на јавниот интерес, се вели во соопштението на Младен Чадиковски.

Ретки болести
Јан 25, 2023
Министерство за здравство
Изработена е листата на пациентите со ретки болести во земјава, а Министерот за здравство оптимист, се надева дека овие пациенти годинава навреме ќе ја добијат и терапијата потребна за нивно лекување. Министерот објасни дека поради растечкиот број на пациенти и годинава зголемен е и буџетот за набавка на потребните терапии за третирање на пациентите со ретки болести.

Тоше Проески
Јан 25, 2023
Ангел си ти
Напладне е музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти“. Музички рефрени од Тоше ќе изведат Андријана Јанеска и Бојан Стојков во придружба на „Џез сценарио“ од Битола, во аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески.

Опера Палјачи
Јан 25, 2023
Италијански композитор руџеро леонкавало
Во петок на 27-ми јануари со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“.

Семејно насилство
Јан 24, 2023
Министерство за труд и социјална политика
4.3 % намалување на бројот на евидентирани жртви на семејно насилство е забележано во државава во 2022 во однос на претходната. Но бројките се уште се високи, а жените најчести жртви. Најмногу се пријавува психолошкото и физичко насилство. Исто така големи се бројките на побарани и изречени привремени мерки за заштита од семејно насилство.

Нула отпад
Јан 23, 2023
Пријави електричен и електронски отпад
Нула Отпад ги охрабрува граѓаните и фирмите да користат ЕКО ЛИНИЈА. како БЕСПЛАТЕН И БЕЗБЕДЕН сервис за правилно одложување на овој тип на отпад со цел зголемена заштита на животната средина.

Трета зимска школа
Јан 23, 2023
Македонија е во светот, а светот во македонија
Повеќе од 40 учесници од 17 земји присуствуваат на Третата зимска школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (МСМЈЛК при УКИМ) која до 28 јануари ќе се одржува виртуелно.

Точење на гориво
Јан 20, 2023
Регулаторна комисија за енергетика
Цената на бензините од полноќ се зголемува за два денари по литар, а цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, одлучи денеска РКЕ.