Лидерска средба за мирен втор изборен круг
Лидерите на најголемите парламентарни политички партии денеска на нова средба во Клубот на пратениците треба да разговораат за претстојниот втор круг претседателски и локални избори со цел повторување на фер и демократската атмосфера од првиот изборен круг.
Стартува судењето за „Рекет“
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со полициска придружба, од домашен притвор, беше донесена во Кривичниот суд, каде што треба да стартува судењето за „Рекет“.
АРМ на штабна вежба на НАТО во Мадрид
Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска во командата на копнените сили на НАТО во Мадрид ќе присуствува на Денот за високи гости во рамките на штабната вежба на Алијансата „Цврста Греда – 09”.
„Move – Europe “, за децата со хендикеп
Обука на лица, кои работат и се грижат за деца со хендикеп денеска и утре ќе се организира во Британската амбасада во Скопје.
Министeрот Бесими на сесија нa Економската комисија на ОН за Европа
Министерот за економија Фатмир Бесими од денеска до 1 април ќе престојува во Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 63-та сесија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).
Летно сметање на времето од утре
Новото летно сметање на времето почнува во недела, со поместување на стрелките на часовникот од 02:00 на 03:00 часот во ноќта меѓу сабота и недела.
Македонија ќе биде домаќин на регионалната иницијатива за земјоделство и рурален развој
Министерот Спасеноски ќе го потпише договорот за статусот и активностите на Постојаната работна група за регионален рурален развој на ЈИЕ.
Светски ден на театарот
„Да се прави театар значи да се фрли светлина на сцената од нашиот секојдневен живот“, е дел од меѓународната порака по повод 27 март – Светскиот ден на театарот.