Отворен ден во Министерството за здравство
Министерството за здравство денеска од 11 до 15 часот организира „Отворен ден на Министерството“ на кој граѓаните ќе имаат можност изворно да се запознаат со проектите на Министерството и да ги изнесат своите предлози и сугестии.
Во Охрид средба на министрите за одбрана на Македонија и на Албанија
Министрите за одбрана на Македонија и на Албанија, Зоран Коњановски и Газменд Окета во Охрид ќе имаат неформална средба во функција на развој и зајакнување на билатералната и регионална соработка.
Вицепремиерот Боцевски во посета на Франција
Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Ивица Боцевски, денеска, на вториот ден од посетата на Франција, ќе се сретне со францускиот министер за имиграција, интеграција и национален идентитет Ерик Бесон.
Започнува воената вежба „Одлучен удар“
Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата, до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката „Криволак“ ќе ја одржат теренската вежба „Одлучен удар“.
МВР го заокружува проектот за зајакнување на капацитетите
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Ендрју Ки денеска во Министерствито за внатрешни работи ќе го означат завршувањето на тригодишниот проект за зајакнување на техничките и логистичките капацитети на МВР.
Министерот Ивановски во посета на Словенија
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Република Словенија.
Најсовремена лабораториска опрема од „Dutchmed International“
Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за клиничка биохемија во Скопје по повод добивањето најсовремена лабораториска опрема.
Сведмилк треба да започне со исплата на фармерите
Скопската млекарница Сведмилк денеска треба да започне со исплатата на вкупниот долг кој го има кон фармерите, заклучно со месец јануари, соопшти компанијата.