Промоција на проект за обука на оперативни полициски работници
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ќе го промовира почетокот на проектот за регионални обуки што во текот на оваа година ќе се одржува во Тренинг центарот во Идризово, со поддршка на американската Влада.
Како да се користат ИПА фондовите на ЕУ
Финансиски спогодби за реализација на програми со средства од европските ИПА фондови ќе потпишат денеска Македонија и Европската унија.
Светски ден на мајчиниот јазик
Под покровителство на УНЕСКО и Регионалното биро за наука и култура во Европа, денеска се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 Февруари.
Откриени 300 милиони тони бакарна руда кај Струмица
Според првичните рударско-геолошки истражувања, во близина на селото Иловица, општина Босилово, Струмичко, се откриени околу 300 милиони тони резерви на бакарна руда со задоволителен процент на злато во неа.
Конференција „Македонија кон ЕУ и НАТО”
Конференција „Македонија на патот кон ЕУ и НАТО”, започнува денеска во Охрид, со учество на владини претставници и видни личности од општествено политичкиот живот на Балканот.
Промоција на регионот Виа Игнација
Холандска фондација со соработници од Македонија и соседството ќе го промовира и развива регионот околу Виа Игнација.
Вицепремиерот Боцевски во посета на Париз
Потпретседателот на македонската Влада задолжен за евроитреграции, Ивица Боцевски од денеска ќе престојува во посета на Париз, во чии рамки ќе има средба со повеќе претставници на француските власти.
Официјално од денес сме Република Северна Македонија
Преспанскиот договор од вчера и официјално е на сила и почнува остварувањето на неговите одредби, со што и Македонија го смени своето име во Северна Македонија. Владата исто така го промени нејзиното име во Влада на Република Северна Македонија.