Продолжуваат преговорите за името
Македонско-грчките преговори за разликите околу името продолжуваат денеска попладне во Њујорк по пауза од четири месеци.
Разговори Македонија – НАТО
Министрите за одбрана и за надворешни работи, Зоран Коњановски и Антонио Милошоски, денеска и утре ќе престојуваат во работна посета на седиштето на НАТО во Брисел каде што ќе се сретнат со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер и со амбасадори на повеќе земји членки на Алијансата.
Претседателот Црвенковски во официјална посета на Бугарија
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Бугарија.
15 години специјална единица на АРМ
По повод одбележувањето на Јубилејот „15 години специјална единица на АРМ“, припадниците на полкот за специјални операции (пСО) на АРМ, денеска ќе изведат марш во околината на Скопје.
Плата можат да земат над 100 илјади работници
Управата за јавни приходи (УЈП), која работеше и во текот на викендот, обработила околу 25 илјади пресметки за плата според новиот систем „цела плата“, што значи дека денеска плата можат да земат над 100 илјади работници.
Промоција на Е-парламент
Новиот систем таканаречениот е-парламент и новата интернет страница на Собранието на Македонија ќе бидат промовирани денеска во Скопје.
Средба на Медицинската образовна мрежа на Југоисточна Европа
Во организација на Државниот универзитет во Тетово и Медицинскиот универзитет од Грац, Австрија, денеска во Попова Шапка, Тетовско, ќе се одржи средба на Медицинската образовна мрежа на Југоисточна Европа.
Датумот е кристално jасен и владата точно знае што треба да се сработи
Датумот за отпочнување на пристапни преговори за Македонија со Европската Унија е кристално јасен, кажа владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес конференција.