Skip to main content

Сеп 21, 2021
Ковид 19
Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале 12.062 македонски граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.465.229 дози вакцини, а ревакцинирани се 690.806 граѓани.

Сеп 18, 2021
Избори 2021
Денеска на полноќ истекува рокот за потврдување на кандидати за градоначалници и советници. Кампањата за локалните избори започнува на 27 септември и ќе трае до 15 октомври на полноќ.

Сеп 17, 2021
Ковид 19
Во Тетово денеска се одржа протестен марш. Учесниците побараа одговорност поради 14 загубени животи во пожарот во тетовската модуларна болница, што се случи на 8 септември.

Мар 4, 2022
Економија
„Макпетрол“ ќе продолжи да работи без застој и рестрикции со цел и граѓаните и компаниите да функционираат без проблеми.

Сеп 17, 2021
Попис 2021
Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Сеп 17, 2021
Ковид 19
Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат.

Сеп 16, 2021
Политика
Премиерот Заев изјави дека не размислува да даде оставка. Неговиот коментар доаѓа по вчерашното барање да си поднесе оставка од претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Фев 28, 2022

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 135. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.