Апр 1, 2022
Министерство за здравство
201 нов случај на ковид 19 во земјава
Направени се 1.986 тестови, а регистриран е 201 нов случај на КОВИД-19, информираат од министерството за здравство.
Апр 1, 2022
Временска прогноза
Дожд и во следните денови
Во следните денови ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините со врнежи од снег.
Апр 1, 2022
Управа за јавни приходи
Финансиска помош за исплата на минимална плата
Работодавачите кои ги исполнуваат условите од Законот за измена и дополнување на Законот за минимална плата имаат право на финансиска помош за исплата на разликата од придонесите на нето зголемената минимална плата за период од месец март 2022 до месец декември 2022 година.
Апр 1, 2022
Економија
Од денеска покачен минималец
Покачен минималец, според последните законски измени, ќе добијат 80 илјади вработени. Зголемен е за 2 800 денари од претходниот и изнесува 18 000 денари.
Мар 31, 2022
Министерство за образование и наука
Конкурс за запишување во средно образование
Објавен конкурс за запишување во средно образование за учебната 2022/2023 година, информираат од Министерството за образование и наука.
Мар 30, 2022
Пандемија
294 новозаразени со ковид
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се 2.430 тестови, а регистрирани се 294 нови случаи на ковид-19.
Мар 30, 2022
Училишта и градинки
СОНК најави генерален штрајк
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), од 11 април ќе започне со генерален штрајк во училиштата и градинките, информираа од Синдикатот по вчерашните преговори со претставниците на Владата за нивните барања за зголемување на платите во образованието за 18,5 отсто.
Мар 30, 2022
Основни училишта
Учениците од денес без маски
Учениците во основните училишта веќе нема да носат маски. Владата го прифати предлогот на комисијата за заразни болести, да се олеснат дел од ковид мерките, кои важеа за учениците во основните училишта.







