Skip to main content

Авг 22, 2021

Албанските медиуми јавуваат дека утрово во Албанија евидентирани се три жртви од давење во море. Двајца од нив, се државјани на Македонија.


Авг 21, 2021

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На г. п. Табановце, времето на чекање за излез од државата е околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.


Авг 21, 2021

Јавниот увид на избирачкиот список за локалните изборите ќе започне денеска и ќе трае до 9-ти септември, кога Државната изборна комисија (ДИК) на увид ќе ја стави новата состојба на податоци што ќе се користи на денот на изборите.


Авг 20, 2021

Пописот и изборите ќе бидат најкритични за 40-те илјади граѓани кои останаа без лични карти поради тоа што тоа што предвреме е сменет интерниот систем на министерството со новото уставно име додека во Собранието се блокирани измените на Законот за лични карти.


Авг 19, 2021

Околу 84.000 бесплатни електронски картички за плаќање патарина искористиле српските туристи што транзитираа низ државава на патот кон Грција. Нивната вредност изнесувала околу 1,2 милиони денари.


Авг 19, 2021

Во текот на вчерашниот ден е забележан значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните. Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 624.819 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 11.925 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 16.955 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.115.988 дози вакцини, а ревакцинирани се 491.169 граѓани.


Авг 18, 2021

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека и денеска има околу 1000 новодијагностицирани случаи со Ковид-19. Тој рече дека после месец дена сите кои прележале Ковид-19 треба да се вакцинираат без оглед на начинот на кој се лекувани.


Авг 17, 2021

Јавниот конкурс за ангажирање реонски попишувачи и инструктори за претстојниот Попис на населението, домаќинствата и становите завршува денеска. Конкурсот беше отворен на 20 јули и првично требаше да трае до 5 август, но беше продолжен до 12 август и потоа уште еднаш до 17 август.