Јанкулоска на министерски состанок во Молдавија
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска ќе учествува на состанок на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите на процесот за соработка во Југоисточна Европа (SEECP).
Пападополу – Владата не сака или не се осмелува да ги чуе грчките аргументи
Владата не сака или не се осмелува да ги слушне грчките одговори и аргументи, изјави денеска грчката амбасадорка Александра Пападополу.
Синдикатите утре излегуваат на протест
Сојузот на синдикати на Македонија утре со почеток од 13 часот ќе излезат на протест. Својата сериозна намера дека не отстапуваат од барањето минималната плата да е 18.000 денари ќе ја искажат така што ќе го сопрат сообраќајот на улицата „Димитрие Чуповски“ каде всушност се наоѓа и Организацијата на работодавачи и Стопанската комора.
Шефот на македонската дипломатија Милошоски во посета на Украина
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Антонио Милошоски во рамки на официјалната посета на Украина, денеска во Киев ќе се сретне со шефот на украинската дипломатија Вoлoдимир Огризко.
Нашите преговарачи ги пренесоа забелешките до Нимиц
Македонските преговарачи во спорот со името Никола Димитров и Мартин Протуѓер му ги пренесоа забелешките на медијаторот Метју Нимиц.
Температури од портокалова фаза
Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза
Регулаторната комисија ќе соопшти за колку ќе поскапи струјата
Регулаторната комисија за енергетика денеска треба да соопшти за колку ќе поскапи струјата.
Презентација на Охрид на саем во Швајцарија
Охрид ќе биде претставен на туристичкиот саем во Лугано-Швајцарија, што започнува денеска.