Skip to main content
Попис 2021
Сеп 17, 2021
Попис 2021
Вкупно 800.008 лица, 249.500 домаќинства и 336.109 станови се попишани заклучно со 20 часот вчера, објави денеска Државниот завод за статистика.

Сеп 17, 2021
Ковид 19
Македонија вчера ја прими донацијата од над 50.000 вакцини „Фајзер“ од Бугарија. Вакцините веќе се дистрибуирани и подготвени да се употребат.

Премиер Зоран Заев
Сеп 16, 2021
Политика
Премиерот Заев изјави дека не размислува да даде оставка. Неговиот коментар доаѓа по вчерашното барање да си поднесе оставка од претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села.

Фев 28, 2022

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информира дека во последните 24 часа се направени 1.362 тестови, а регистрирани се 183 нови случаи на ковид-19. Од нив најмногу во Скопје – 135. Неколку други градови имаат по едноцифрена бројка новозаразени. Од вкупниот број на позитивни (183), регистрирани се 24 реинфекции.


Сеп 15, 2021

Европската Унија ќе обезбеди 140.000 евра хуманитарни средства за да им помогне на најпогодените семејства и на оние кои беа во првите редови на борбата со пожарите кои избувнаа во Македонија кон крајот на јули.


Сеп 14, 2021

Компанијата „DM“ донираше 50 инфузиони пумпи во вкупна вредност од речиси 4 милиони денари во Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.


Вирус Ковид 19
Сеп 14, 2021
Ковид 19
572 нови случаи на Ковид 19 во земјава во последното денноноќие, од направени 4 511 тестирања. Пријавени се 30 починати лица.

Операција на тумор
Сеп 14, 2021
Здравство
Отстранет тумор кај 17 годишно момче и заменет со коска од починат донор. Ова е прва операција од ваков тип во земјава.