Skip to main content
Јан 20, 2022

На сите државјани на Македонија од денеска им е дозволен влез во Бугарија со приложување на валиден сертификат за вакцинација против ковид-19 или сертификат за прележана болест, заедно со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа. За влез на малолетни лица од 12 до 18 години, исто така е задолжителен негативен ПЦР тест, информира Министерството за надворешни работи.


Сеп 9, 2021

До полноќ граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список и да достават барања за дополнување, бришење или бришење на нивните податоци до Државната изборна комисија. Рокот за поднесување кандидатури за локалните избори на 17 октомври истекува во сабота на 11 септември.


Сеп 9, 2021

Четиринаесет лица го загубија животот во катастрофалниот пожар кој вчеравечер ја зафати модуларната болница во Тетово во која беа хоспитализирани 24 пациенти заболени од коронавирус. Сите настрадани се пациенти, а меѓу повредените има и медицински персонал.


Сеп 8, 2021

Во пожарот што избувна околу 21 часот, целосно изгоре модуларната ковид-болница во Клиничкиот центар во Тетово.


Сеп 8, 2021

Народното собрание на Бугарија со 146 гласови „за“ го ратификуваше договорот за донирање 51.480 дози на вакцина „Фајзер“ на Македонија.


Јан 14, 2022

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска претпладне регистрирала нова серија земјотреси во пограничното епицентрално подрачје Битола – Лерин. Според опсерваториските податоци, епицентрите биле во соседна Грција.


Сеп 8, 2021

На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство, 95 отсто од вкупниот број на македонски граѓаните што излегоа на референдумот, позитивно одговорија на прашањето за создавање на самостојна и независна македонска држава.


Сеп 7, 2021

Владата на денешната седница донела одлука со која ќе го дефинира и регулира користењето на службените возила за да се спречи нивна злоупотреба, информираа од кабинетот на вицепремиерот за антикорупција Љупчо Николовски, по чија иницијатива била донесена одлуката.