682 новозаболени, 32 починати лица од Ковид-19 во земјава
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 6.425 тестирањe, а регистрирани се 682 нови случаи на КОВИД-19.
Се намалува бројот на новодијагностицирани со Ковид-19
Бројот на новозаболени и на хоспитализирани пациенти се намалува, информираше денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој рече дека од среда ќе се укине препораката за онлајн настава за средношколците во Струга и во Кичево, а уште една недела во сила останува препораката за Тетово и за Гостивар.
34-годишно лице од Гостивар е жртвата од вчерашната сообраќајка
34-годишно лице од Гостивар е жртвата во тешката сообраќајна несреќа која се случи вчера на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на новоселски гробишта во Ново Село.
Еден загинат во тешка сообраќајка кај Стража
Тешка сообраќајка се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево во која има една жртва, а седум лица се пренесени во гостиварската болница за укажување помош.
Сезоната на грип оваа година ќе биде многу полоша
Две нови студии предвидуваат дека грипот ќе се врати оваа есен и зима. Последното истражување предвидува дека во сезоната на грип 2021/2022 година би можело да има од 100.000 до 400.000 повеќе хоспитализации во однос на типичната сезона.
Најмногу снег на Попова Шапка, најстудено утрово во Битола и Берово
Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 27 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – девет сантиметри.
Летот Санкт Петербург-Скопје стартува од 21-ви септември
Руската авиокомпанија Нордвинд Ерлајнс од 21 септември стартува нова авиолинија Санкт Петербург – Скопје. Компанијата соопшти дека летовите ќе се одвиваат еднаш неделно, секој вторник.
15-годишно девојче почина од Ковид-19
Петнаесетгодишна пациентка од селото Селце, Тетовско, починала денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, соопшти Министерството за здравство со голема жалост.