Повлечени сладоледи од македонскиот пазар поради присуство на Етилен оксид
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна (увозник и дистрибутер) АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи – сладолед, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.
Талат Џафери денеска ќе ги распише локалните избори
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска треба да ги распише локалните избори, кои ќе се одржат на 17-ти октомври годинава.
Кочанчани во очајна битка со огнот за да ги спасат домовите
Во кочанската болница десетина лица побарале лекарска помош поради отежнато дишење од чадот, но нема тешко повредени, јави дописникот на МИА од Кочани.
ИЛИНДЕН-Нека ни е честит празникот македонци!
Граѓаните на Република Македонија денес го слават Денот на Републиката 2 Август, споменот на двата историски Илиндена, 118 години од Илинденското востание и 77 години од Првото заседание на АСНОМ.
Филипче: Очигледно нема да запре појавата на нови соеви
Очигледно е дека нема да запре трендот на појава на нови соеви на вирусот. Многу веројатно е дека делта сојот нема да биде последниот сој на овој вирус, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Вработените во МНР ќе користат електрични тротинети
Вработените во Министерството за надворешни работи (МНР) ќе користат електрични тротинети, како пример за одговорно однесување кон животната средина и проблемот со аерозагадувањето.
Гром усмрти 25 годишно момче од Тетовско
25-годишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа почина од последица од удар на гром.
Законските измени за недела неработен ден во матичната собраниска комисија
За спроведување на овој закон, се потребни дополнителни финансиски средства од државниот Буџет. Врз основа на расположивите податоци за бројот на вработени во јавен сектор, кои би работеле во недела ( 30 проценти), просечната плата во земјата, се проценува дека фискалните импликации би изнесувале околу 43.100.000 денари месечно, односно 516.600.000 денари на годишно ниво.