Од утре стартува директна авиолинија Скопје-Москва
ТАВ Македонија најави дека од утре стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд“ од Москва во Скопје треба да пристигне утре попладне во 17 часот и 10 минути.
Грција ќе испрати 20 000 дози вакцини за Македонија
Грција во координација со Европската Комисија, за нивните соседи Македонија и Албанија понуди по 20 000 дози вакцини.
Македонец уапсен во Турција
Македонец, кого турските медиуми го идентификуваат како Бобан Томовски, соработник на наркобосот Седат Пекер, бил уапсен на аеродром во Истанбул. И тој, наводно, е вмешан во шверц на дрога.
Кризната состојба ќе продолжи до 31-ви декември?!
Владата предложи кризната состојба што беше воведена во месец декемрви, а завршува на 30-ти јуни, да биде продолжена до крај на годината.
Најмалку шест лица уапсени во полициска акција за криумчарење на мигранти
Најмалку шест лица се уапсени во големата акција за апсење криумчари на мигранти, што ја спроведува полицијата. Во акцијата, како што велат извори од истрагата, разбиена е организирана група.
Поштенска марка во чест на македонските фудбалери
Поштенска марка по повод историскиот настап на македонските фудбалери на Европско првенство во фудбал 2020 промовираше денеска АД Пошта на Република Македонија.
Пациентката на која и беше трансплантирано срце е во добра состојба
Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека состојбата на пациентката на која и беше трансплантирано срце од мртов донор е стабилна и дека сите параметри се добри.
НУК: Новите препораки за организирање прослави ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти
Независната угостителска комора (НУК) смета дека новите протоколи од Комисијата за заразни болести поврзани со организирањето на прослави, веселби и свадби наместо позитивно да влијаат, ќе предизвикаат хаос во работењето на угостителските објекти.