Skip to main content

Окт 13, 2025
Од министерството потсетуваат дека е во тек пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи население, кои може да се пријават со пополнување на апликацијата vakcinacija.mk.

Окт 12, 2025
Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа постапка е поведена и против две службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР и за кои постојат сомненија дека ги изготвиле и ги издале сообраќајните дозволи.

Окт 11, 2025
Согласно новиот систем, граѓаните ќе мора да остават биометриски податоци – отпечаток од прст и фотографија при првиот влез во некоја од членките на Европската Унија. Истите веќе ќе бидат евидентирани во системот, што значи дека при секој нареден влез во некоја од земјите во ЕУ, службениците за пасошка контрола само ќе ги потврдат податоците.

Окт 11, 2025
Денеска е 11 Октомври, 84 години од Народното востание на македонскиот народ. Во 1941 година се случува неповторлив и клучен историски настан, кој е синоним за отпорот на македонскиот народ кој го симболизира официјалниот почеток на Народноослободителната антифашистичката војна во Вардарска Македонија. Честит празник!

Окт 9, 2025
Владата предложи измена на Законот за ДДВ: ќе се оданочуваат и онлајн пратките од странство под 22 евра.

Окт 7, 2025
Болните и немоќни лица имаат уште три дена да се пријават за гласање дома.

Окт 7, 2025
министерство за здравство
Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население: повозрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лицата сместени во установи за социјална заштита на стари лица и вработените во овие установи.

Окт 7, 2025
Македонија официјално стана членка на СЕПА во март оваа година, а со практичната примена од денес се отвора патот за поевтини и посигурни трансакции со сите 40 земји членки.