Авг 10, 2009
Од денес британска виза и по телефон
Британската Амбасада во Скопје од денеска ќе почне да прима телефонски повици и електронска пошта за аплицирање за виза.
Авг 8, 2009
Осум години од трагедијата на Карпалак
Осум години од трагичното загинување на десетте македонски војници кај Карпалак, припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп, се навршуваат денеска.
Авг 8, 2009
Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес
Деветнаесетто Генерално собрание на Светскиот Македонски Конгрес (СМК) ќе се одржи денеска во Скопје.
Авг 7, 2009
Именуван новиот украински амбасадор во Македонија
Претседателот Ѓорге Иванов вчера во летна резиденција во Охрид, ги примил акредитивните писма на новоименуваниот украински амбасадор во Македонија, Јуриј Гончарук, соопштуваат од кабинетот на претседателот.
Авг 7, 2009
Резултати од анкетата за изградба на верски објекти на плоштад
Резултатите од нарачаното истражување на јавното мислење во однос на изградбата на верски објекти на плоштадот Македонија ќе бидат соопштени денеска.
Авг 6, 2009
Средба Бериша-Тачи
Албанскиот премиер Сали Бериша вчера попладне имаше средба со лидерот на ДПА Мендух Тачи, на која се разговарало за политичката клима во Македонија и во Албанија.
Авг 6, 2009
Воведување на систем на кариера во новиот Закон за внатрешни работи
Јавна трибина на тема “Воведување на систем на кариера во новиот Закон за внатрешни работи“ ќе биде одржана денеска во Центарот за обука во Идризово.
Авг 5, 2009
Промоција на интернет-страницата за македонската археологија
Управата за заштита на културното наследство денеска ќе ја промовира интернет-страницата посветена на македонската археологија www.mav.mk и првата електронска публикација на Македонскиот археолошки преглед.