Skip to main content
Сеп 4, 2009

Традиционалната стопанско – туристичка манифестација „Тиквешки гроздобер 2009“ – Општина Кавадарци, започнува денеска со пригодна програма.


Апр 6, 2020

Светиот Архијерејски Синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА) во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден, денеска уште еднаш упати повик до парохиското свештенство, монаштвото и верниците, за почитување на веќе утврдените владини мерки, со цел за да се намали ширењето на заразата од Ковид-19 и да се заштити здравјето на населението.


Сеп 4, 2009

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска во Кинотеката на Македонија ќе ги пушти во употреба новите депоа за националниот фонд на аудиовизуелни добра, со што оваа институција првпат во своето 35-годишно постоење ќе добие оптимални услови за чување на националната филмска продукција.


Сеп 3, 2009

Кратење на приходите и расходите за 3,2 проценти, се предвидува со новиот ребаланс на буџетот, прифатен на вчерашната владина седница.


Сеп 3, 2009

Вкупно 812,000 евра помош за намалување на штетите од глобалната економска криза се наменети за Македонија од Ургентниот фонд на Џорџ Сорос.


Сеп 2, 2009

Скопје од оваа недела ќе биде домаќин на 14-то културно Биенале на млади уметници од Европа и Медитеранот, за кое детали ќе бидат соопштени денеска на прес конференција.


Сеп 2, 2009

Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Чешка Јан Кохут денеска ќе престојува во работна посета на Македонија, во рамки на која ќе биде примен од државно владиниот врв.


Сеп 1, 2009

Носителите на јавна функција во Македонија од денеска до 30 септември до Комисијата за верификација на фактите треба да поднесат изјава заверена на нотар дека не соработувале со органите на државна безбедност и не ги користеле добиените информации за напредување во кариерата.