Претседателот Иванов се сретна со поглаварот на Римокатоличката Црква
Со аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, во средата во Ватикан, претседателот Ѓорге Иванов и македонска државна и црковна делегација ги почнаа активностите во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил”.
Пожар во битолскиот Монмартр
Утрово во 06 часот се појави пожар на приземјето на битолскиот Mонмартр во старата битолска чаршија,пренесуваат битолските медиуми.
Доаѓаат температури над 30 степени
Стабилно, сончево и топло време не очекува денеска. Дневните температури од денеска па во наредните денови полека почнуваат да растат, па до крајот на неделата ќе бидат измерени и температури повеќе од 30 степени.
МВР: Расчистено грозоморното убиство во Ѓорче
Министерството за внатрешни работи целосно го расчисти и документираше грозоморнoто убиство на 18 годишниот Ангел Петковски од Скопје.
„Беса транс“ недостапна за инспекцијата
Државниот инспекторат за транспорт (ДИТ) вчера се обидел, но не можел да изврши вонреден инспекциски надзор во компанијата „Беса транс“, чијшто автобус изгоре во Бугарија, изјави директорот на ДИТ Руфат Хусеини. Тој за МИА вели дека не можеле да направат инспекција дека канцелариите и на компанијата и на нејзините агенции биле затворени, а никој не се јавувал на телефон.
Наместо матични, ќе не лечат семејни доктори
Oд Здружението на лекари по општа, односно семејна медицина, велат специјализациите веќе се во тек, а од следната година граѓаните ќе можат да изберат семеен доктор.
Приведен осомничениот за убиството на матурантот од Ѓорче
Полицијата го уапси Насер Е., осомничен за убиството на матурантот од Ѓорче Петров што се случи во понеделникот попладне.
Во Македонија годишно од рак на кожа умират повеќе од 50 лица
Бројот на новозаболени од рак на кожата годишно се зголемува за 2,5 проценти побрзо од кој било друг вид на рак, но самоконтролата и едукацијата на пациентите може да помогне во раното откривање на меланомот, предупредуваат дерматовенеролозите.