Skip to main content
Авг 3, 2009

Претставата „Крпен живот“ на Прилепскиот театар, вечерва премиерно ќе биде изведена во реконструираната праисториска населба на водите на Охридско Езеро, позната како Музеј на вода.


Авг 3, 2009

Во рамки на научно-културите средби Десет дена Крушевска Република, утре ќе се одржи премиера на документарниот филм „Натежнати брегови“, посветен на семејните корени и хуманата мисија на хуманистката скопјанката Гонџа Бојаџиу.


Авг 1, 2009

Либија има намера да вработи во државните и приватните клиники 10,000 медицински работници од Македонија, Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.


Авг 1, 2009

Годинава се прославуваат 106 години од Илинденското востание и 65 од Првото заседание на АСНОМ.


Јул 31, 2009

Амбасадорот на Албанија во Скопје, Арбен Чејку, ги отфрли гласините дека од 1. јануари Македонија ќе воспостави визен режим за албанските граѓани.


Јул 31, 2009

Цената на парното греење за периодот од 1 август до 31 декември годинава се зголемува за 17,11 отсто за тарифните потрошувачи „станбен простор“ на Топлификација АД-Скопје, за 8,11 отсто за потрошувачите на Скопје Север АД-Скопје и за 9,15 отсто за потрошувачите на АД ЕЛЕМ – Подружница Енергетика – Скопје, одлучи вчера Регулаторната комисија за енергетика.


Апр 3, 2020

Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (денеска) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година).


Јул 30, 2009

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесувала 20.112 денари што е за 27,9 отсто повеќе во однос истиот месец лани, а просечната бруто-плата била 30.100 денари или 17,5 проценти повеќе.