Опасно или не, пази куче!!!
На влезната врата секој сопственик на куче треба да постави табла со која се укажува на присуство на куче, без разлика дали е опасно.
Денес се одбележува празникот Пресвета Богородица – Пречиста
Народот овој празник го нарекува Пречиста, што одлично ја доловува неговата смисла. Тоа е празник на воведувањето на пресветата девојка Марија во Ерусалимскиот храм.
Ласерски радари за „лов“ на несовесни возачи
Нов ласерски радар користеле полицајците од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај – Тетово при контролите на брзината со која се движат возилата во градот и на регионалниот пат Тетово-Волковија, во Брвеница во изминатиот викенд, информира портпаролот на СВР – Тетово Марјан Јосифовски.
Милчо Манчевски, гостин предавач на престижниот Кембриџ
Милчо Манчевски гостува со предавање на тема „Филм, конфликт, репрезентација“ на Универзитет Кембриџ, а ќе бидат прикажани и филмовите „Мајки“ и „Пред дождот“.
Измените на Законот за кривична постапка носат клучна улога за Јавниот обвинител
Со новите измени во Законот за кривична постапка , клучна улога во истрагите добива јавниот обвинител, додека пак се намалува улогата на судот во истрагата, односно се укинува функцијата Истражен судија.
Освен гласачко ливче, на изборите ќе оставаме и отпечаток од прст?
Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето, пишува „Дневник“.
По пожарот во РЕК Битола работи еден блок
Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола и на местото се врши увид од стручни екипи од акционерското друштво ЕСМ за утврдување на причините. Како што информираат денеска од АД ЕСМ пожарот започнал на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот бил изгаснат.
Работна сабота за денот на дрвото
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со донесениот заклучок на Владата на Република Македонија во врска со акцијата “Ден на дрвото-засади ја својата иднина” којашто се спроведе на 27.11.2013 година (среда), овој неработен ден ќе се одработи на30.11.2013 година (сабота).