Избори втор круг
Според Државната изборна комисија вкупен број на гласачи запишани во избирачкиот список биле 1 792 082, или во проценти 42,61 %. гласачи. Од нив гласле 763 637 гласачи.
Ѓорге Иванов, новиот претседател на Македонија
Излезноста во вториот круг на претседателски избори, според претходните податоци на Државната изборна комисија (ДИК) изнесуваше 40,79 насто со што е исполнет законскиот цензус.
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги презентираат прелиминарните согледувања за изборите
Меѓународните набљудувачи кои гo следеа вчерашниот втор круг претседателски и локални избори во Македонија, првичните согледувања за текот на изборниот процес ќе ги презентираат денеска на прес-конференција во Скопје, соопшти Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Министерот Милошоски на форум на Алијансата на цивилизации
Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски денеска и утре во Истанбул ќе учествува на вториот годишен форум на Алијансата на цивилизации.
Караманлис и Обама денес разговарат за името
Грчкиот премиер Костас Караманлис на средбата што денеска треба да ја има со американскиот претседател Барак Обама сака да стави „особен акцент” на прашањето за спорот за името на Македонија.
„60 години НАТО се доста!”
Под мото „60 години НАТО се доста!”, за денеска напладне во Скопје е најавен мировен протест против воената алијанса и против зачленувањето на Македонија во неа.
ТАВ: Македонските аеродроми со нови рекорди – 2,5 милиони патници од јануари до ноември
Додека воздушниот сообраќај во остатокот од Европа забави во четвртиот квартал, со двоцифрен пораст од 23% на патничкиот сообраќај на аеродромите во Скопје и Охрид и значителен пораст од 240% само на охридскиот аеродром остварен надвор од летната сезона, ноември е неверојатно успешен месец за ТАВ Македонија, покажувајќи позитивна промена во навиките на патниците.
Изборната кампања завршува на полноќ
Изборната кампања за неделниот втор круг на претседателските и локалните избори завршува на полноќ, кога настапува изборниот молк.