Забрана за увоз на свињи
Македонија од денеска ќе го забрани увозот на живи свињи од сите земји и ќе ги зголеми контролите на ветеринарните гранични инспекции за да ја спречи евентуалната појава на свинскиот грип.
Јанкуловска во посета на Прага
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска учествува на министерска конференција насловена “Градење на миграциски партнерства” во Прага.
Стапи на сила новиот Закон за енергетска ефикасност
Новиот Закон за енергетска ефикасност кој минатата недела беше изгласан во Собранието на Северна Македонија и беше објавен во Службен весник на денеска стапи на сила.
Македонија влегува во проектот на ЦЕРН
Висока владина делегација од Македонија денеска ќе престојува во работна посета на Женева, Швајцарија каде ќе биде потпишана Спогодба за соработка со Европската организација за нуклеарни истражувања (ЦЕРН).
Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори
Советот на Европа треба да го разгледува извештајот за претседателските избори во Македонија во рамки на редовната сесија на Парламентарното собрание во Стразбур, што почнува денеска.
Вицепремиерот Ставрески и Славески во Вашингтон
Вицепремиерот Зоран Ставрески и минитерот за финансии Трајко Славески денеска и утре во Вашингтон на претставници на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка ќе им ги претстават најновиот пакет мерки на Владата и ребалансот на Буџетот за 2009 година.
Прв конгрес на Македонската партија во Тирана
Под претседателство на Васил Стерјовски денеска во Тирана ќе се одржи прв конгрес на македонска партија во Албанија.
Се отвори вториот македонски филмски фестивал во Лондон
Вториот по ред македонски филмски фестивал во Лондон почна синоќа со прикажувањето на филмот „Тоше – Д Хардест тинг“ (Toshe – The Hardest Thing).