На полноќ стартува предизборниот молк
Денеска на полноќ завршува изборната кампања за вториот круг од локалните избори – утре и в недела е изборен молк.
Продолжува судењето за аферата „Телеком“
Тројцата поранешни менаџери на „Маѓар Телеком“, обвинети за потплатување на политичари во Македонија и во Црна Гора, ќе продолжи на 17 април, кога одбраната ќе поднесе образложение на својата жалба поради одлуката дека судот во Њујорк е надлежен во овој спор.
Липковската мумија оди во музеј
Мумијата од Липково треба да биде една од атракциите во новиот Археолошки музеј на Македонија.
Конфучие институтот од септември во Македонија
На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ наскоро ќе биде отворен конфучио Институт откакко детаљите беа договорени меѓу скопскиот Универзитет и Универзитетот во Ченгду, Кина.
Прва македонско-канадска лидерска конференција
Обединетата македонска дијаспора (ОМД) ќе биде домаќин на првата годишна Македонско-канадска лидерска конференција.
45-годишна жена загина во сообраќајката кај Тетово
45-годишната Ф.Л. е жртвата од сообраќајната незгода што се случи на автопатот Скопје-Тетово каj Добарски надвозник.
Македонија го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот
Под мотото „Еден свет за сите“ Македонија по трет пат годинава го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот.
Спорот за името повторно на маса
Ден по изборите,на 8 и 9 април ќе се случи нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис, кои треба да дојдат до конкретна завршница на долгогодишниот спор за името.