Караманлис и Обама денес разговарат за името
Грчкиот премиер Костас Караманлис на средбата што денеска треба да ја има со американскиот претседател Барак Обама сака да стави „особен акцент” на прашањето за спорот за името на Македонија.
„60 години НАТО се доста!”
Под мото „60 години НАТО се доста!”, за денеска напладне во Скопје е најавен мировен протест против воената алијанса и против зачленувањето на Македонија во неа.
ТАВ: Македонските аеродроми со нови рекорди – 2,5 милиони патници од јануари до ноември
Додека воздушниот сообраќај во остатокот од Европа забави во четвртиот квартал, со двоцифрен пораст од 23% на патничкиот сообраќај на аеродромите во Скопје и Охрид и значителен пораст од 240% само на охридскиот аеродром остварен надвор од летната сезона, ноември е неверојатно успешен месец за ТАВ Македонија, покажувајќи позитивна промена во навиките на патниците.
Изборната кампања завршува на полноќ
Изборната кампања за неделниот втор круг на претседателските и локалните избори завршува на полноќ, кога настапува изборниот молк.
Експресно до лична карта
Службите за издавање лични карти ќе работат и утре и во недела, со цел граѓаните да можат непречено да го остварат нивното гласачко право на неделните избори.
Светски ден на литературата за деца
Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден на литературата за деца. Датумот 2 април е денот кога бил роден познатиот дански писател за деца Ханс Кристијан Андерсен, авторот на „Грдото пајче“, „Принцезата на зрно грашок“ и „Царевото ново руво“.
Масовни протести на млекарите
Млекопроизводителите, на кои осум месеци не им се исплатени пари за предаденото млеко на „Сведмилк“, за денеска најавија масовни протести.
ДИК решава за приговорите
ДИК денеска треба да го потврди отфрлањето на приговорите со кои се бара повторување на гласањето за избор на претседател на државата во 134 избирачки места.