Масовни протести на млекарите
Млекопроизводителите, на кои осум месеци не им се исплатени пари за предаденото млеко на „Сведмилк“, за денеска најавија масовни протести.
ДИК решава за приговорите
ДИК денеска треба да го потврди отфрлањето на приговорите со кои се бара повторување на гласањето за избор на претседател на државата во 134 избирачки места.
Резултати од мониторинг на медиумите во предизборниот период
Прелиминарни резултати од мониторинг на медиумите во предизборниот период, ќе соопшти денеска на прес конференција Македонскиот институт за медиуми.
Лидерска средба за мирен втор изборен круг
Лидерите на најголемите парламентарни политички партии денеска на нова средба во Клубот на пратениците треба да разговораат за претстојниот втор круг претседателски и локални избори со цел повторување на фер и демократската атмосфера од првиот изборен круг.
Стартува судењето за „Рекет“
Поранешната специјална обвинителка Катица Јанева со полициска придружба, од домашен притвор, беше донесена во Кривичниот суд, каде што треба да стартува судењето за „Рекет“.
АРМ на штабна вежба на НАТО во Мадрид
Делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Мирослав Стојановски денеска во командата на копнените сили на НАТО во Мадрид ќе присуствува на Денот за високи гости во рамките на штабната вежба на Алијансата „Цврста Греда – 09”.
„Move – Europe “, за децата со хендикеп
Обука на лица, кои работат и се грижат за деца со хендикеп денеска и утре ќе се организира во Британската амбасада во Скопје.
Министeрот Бесими на сесија нa Економската комисија на ОН за Европа
Министерот за економија Фатмир Бесими од денеска до 1 април ќе престојува во Женева, Швајцарија, каде ќе учествува на 63-та сесија на Економската комисија на Обединетите нации за Европа (УНЕЦЕ).