Како да се спроведе Болоњскиот процес во високото образование
Во организација на Факултетот за туризам во Скопје денеска ќе се одржи предавање тема „Болоњскиот процес во високото образование, примена и придобивки. Објективни мерливи и лесно препознатливи резултати на учењето“.
Јапонска донација во Македонија
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Драган Ѓурчевски денеска ќе го прими Амбасадорот на Јапонија во Австрија Н.Е. Аико Танака кој свечено ќе ја предаде донацијата за Кендо-Иаидо Федерацијата на Македонија, која е донирана од Сејапонската Кендо Федерација.
Претседателот на Европскиот Совет доаѓа во Скопје
Претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, денеска престојува во посета на Северна Македонија.
Денес во Охрид, дводневен форум за јавно здравје
Теми на форумот ќе бидат статусот и предизвиците на јавното здравје, меѓугранична соработка за контрола на заразните болести во функција на спроведување на Меѓународниот здравствен правилник и слично.
Среба Црвенковски Ајхер
Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе се сретне со шефот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за претседателските и локалните избори 2009, Питер Ајхер.
Министерот Ивановски во работна посета на Србија
Министерот за информатичко општество на Република Македонија Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Република Србија.
Министерот за одбрана на првиот проширен состанок на земјите од Јадранската повелба
Делегација на Министерството за одбрана, предводена од министерот за одбрана Зоран Коњановски, ќе учествува на Првиот проширен состанок на министрите за одбрана на земјите од Американско – Јадранската повелба, кој ќе се одржи утре и задутре во Загреб.
Средба Црвенковски – Кузмановиќ
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во рамките на дводневната официјална посета на Босна и Херцеговина, денеска ќе се сртне со претседателот на Република Српска Рајко Кузмановиќ и со градоначалникот на Сараево Алија Бехман.