Вицепремиерот Боцевски во посета на Франција
Македонскиот вицепремиер задолжен за европски прашања Ивица Боцевски, денеска, на вториот ден од посетата на Франција, ќе се сретне со францускиот министер за имиграција, интеграција и национален идентитет Ерик Бесон.
Започнува воената вежба „Одлучен удар“
Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата, до 9 јули, во две ротации, на Центарот за поддршка на обуката „Криволак“ ќе ја одржат теренската вежба „Одлучен удар“.
МВР го заокружува проектот за зајакнување на капацитетите
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и амбасадорот на Велика Британија во Македонија Ендрју Ки денеска во Министерствито за внатрешни работи ќе го означат завршувањето на тригодишниот проект за зајакнување на техничките и логистичките капацитети на МВР.
Министерот Ивановски во посета на Словенија
Министерот за информатичко општество Иво Ивановски денеска ќе престојува во работна посета на Република Словенија.
Најсовремена лабораториска опрема од „Dutchmed International“
Министерот за здравство Бујар Османи денеска ќе ја посети Клиниката за клиничка биохемија во Скопје по повод добивањето најсовремена лабораториска опрема.
Сведмилк треба да започне со исплата на фармерите
Скопската млекарница Сведмилк денеска треба да започне со исплатата на вкупниот долг кој го има кон фармерите, заклучно со месец јануари, соопшти компанијата.
Одбележување на годишнината од смртта на претседателот Трајковски
Со проекцијата на документарниот филм „Сеќавање за Борис“ Македонија денеска започнува со одбележувањето на петтата годишнина од загинувањето на претседателот Борис Трајковски.
Сточарите не можат да најдат овчари
Во козјачкиот регион сточарите не можат да најдат овчари, ниту откупувачи за волната која со години се складира.