Дек 15, 2011
Во Албанија само со лични карти
На маргините на состанокот на Партнерската Комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и САД, вчера во Тирана, министерот за надворешни работи на Република Македонија и потпреседателот на Владата на Република Албанија , ја потпишаа Спогодбата со која се предвидува македонските и албанските државјани да патуваат само со лични карти.
Дек 15, 2011
Притвор за 33 лица уапсени во „Бришач“
За 33 лица фатени во акцијата „Бришач“ истражниот судија донесе мерка притвор во траење од 30 дена.
Дек 14, 2011
Уапсени над 50 лица за местење на сообраќајки
Повеќе од 50 лица, меѓу кои и неофицијално 15 полициски службеници, утринава се уапсени од страна на МВР на неколку локации низ земјава.
Дек 13, 2011
Македонците работат два часа дневно, исто толку време трошат и на јадење
Eден Македонец, на возраст од 20 до 74 години, во просек поминува два часа и 18 минути работејки, а скоро толку време троши и на конзумирање на храна и пијалоци, стои во податоците на државната статистика.
Дек 9, 2011
Норвежаните се најсреќни, Македонците на 76-то место од 110 земји
Според истражувањето на британскиот институт „Legatum“ за просперитетот и квалитетот на живот во 110 земји во светот, граѓаните се најсреќни во Норвешка, а животот е најлош во Централно Африканската Република. Македонија според квалитетот на живот се наоѓа на 76. место во групата.
Дек 9, 2011
Укината забраната за товарни возила
Забраната за товарни возила на планинските превои Стража и Маврово е укината и сега овие два превои се отворени за сообраќај …
Дек 8, 2011
Првиот снег веднаш донесе проблеми, забрана за камиони кон Стража
Поради обилните врнежи од снег што денеска почнаа низ делови од Македонија, воведена е забрана за тешки моторни возила….
Дек 7, 2011
Македонија се збогува од Гоце Арнаудов
Македонија се збогува од фолк пејачот Гоце Арнаудов. Неговите колеги и обожаватели на социјалните мрежи ја споделуваат тагата, пишуваат пораки, објавуваат негови песни.