Ное 29, 2011
Седум години затвор за Љубе Бошкоски
Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пресуди кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.
Ное 28, 2011
Денес започнува Божиќниот пост
За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост.
Ное 24, 2011
Државата ќе им плаќа дадилки на идните бизнисменки
На жените што сакаат да почнат бизнис, од следната година државата ќе им субвенционира 75 отсто од трошоците за дадилките.
Ное 22, 2011
Законот ви дозволува: Не плаќајте ако не ви дадат фискална сметка!
Купувачите нема да имаат обврска да платат за купена роба или добиена услуга доколку не добијат фискална сметка.
Ное 18, 2011
Кралев: Матурантите од 2013 ќе полагаат 4 екстерни предмети
Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука.
Ное 16, 2011
Србија и’ украде туристички спот на Македонија
Спотот “Храна за душа“, вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот снимен минатата година, објави српскиот весник “Курир“.
Ное 15, 2011
Задолжително поседување зимска опрема
Од 15 ноември задолжително е поседување зимска опрема во автомобилите, правило што ќе мора да се применува до 15 март, без разлика дали надворешната температура е под или над нулата, дали има снег или не.
Ное 10, 2011
Малолетниците со навршени 16 години ќе можат да возат до 20 часот
Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги презентираше најновите измени од законот за безбедност во патниот сообраќај кои беа усвоени на последната седница на Владата.