Skip to main content

Дек 1, 2011

Министерството за образование и наука и Министерството за труд и социјална политика им сугерираат на универзитетите да ги намалат квотите на факултетите за општествени науки, бидејќи нема каде да се вработи тој кадар.


Ное 29, 2011

Седум години затвор за лидерот на Обединети за Македонија и поранешeн министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски пресуди кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1. Бошкоски е прогласен виновен за незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба.


Ное 28, 2011

За православните христијански верници кои се водат според стариот Јулијански календар денеска почнува шестнеделниот Божикен пост.


Ное 24, 2011

На жените што сакаат да почнат бизнис, од следната година државата ќе им субвенционира 75 отсто од трошоците за дадилките.


Ное 22, 2011

Купувачите нема да имаат обврска да платат за купена роба или добиена услуга доколку не добијат фискална сметка.


Ное 18, 2011

Матурантите од учебната 2013-2014 година ќе полагаат четири екстерни предмети, за чиј избор дополнително ќе се одлучи во консултации со Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар и пошироката јавност, рече Панче Кралев, министер за образование и наука.


Ное 16, 2011

Спотот “Храна за душа“, вреден три милиони динари, е речиси ист како македонскиот снимен минатата година, објави српскиот весник “Курир“.


Ное 15, 2011

Од 15 ноември задолжително е поседување зимска опрема во автомобилите, правило што ќе мора да се применува до 15 март, без разлика дали надворешната температура е под или над нулата, дали има снег или не.