Мар 4, 2011
BBC на македонски-рест ин пис
Македонската редакција на Светскиот сервис на Би-Би-Си, денеска за последен пат емитува од Лондон вести на македонски јазик.
Мар 2, 2011
Македонски павилјон во Венеција
Во палатата „Пезаро Папафава“ во Венеција ќе бидат изложени двата уметнички проекта со кои Македонија ќе се претстави на престижното Биенале за уметност, што ќе почне во јуни и ќе трае до ноември.
Мар 1, 2011
Фуере замина, Соренсен денес ќе пристигне во Македонија
Новиот евроамбасадор е непознат во нашата земја, но нашите северни соседи добро го познаваат. Младиот европски дипломат ќе ја продолжи мисијата на Ерван Фуере за приближување на земјава кон Европската унија.
Фев 28, 2011
Куќните совети и НВО не треба да плаќаат радиодифузна такса
Куќните совети, невладините организации, синдикалните организации и други слични здруженија на граѓани не се обврзани да плаќаат радиодифузна такса. Вака официјално се изјасни собраниската Законодавно-правна комисија, која по барање на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Катерина Димеска, го толкуваше членот од Законот за радиодифузната дејност кој пропишува дека правните лица се должни да ја плаќаат оваа јавна давачка.
Фев 28, 2011
Поскапуваат бензините и дизел горивата
Цената на бензините од утре се зголемува за 2,5 денари, а на дизел горивата за 2, односно 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
Фев 25, 2011
Jaffa Ресана повлечена од продажба
Откако кексите „јафа“ на српската фабрика „Црвенка“ пред два дена биле повлечени од словенечките продавници поради „опасни состојки во амбалажата“, македонската Агенција за храна и ветеринарство вчера наложи тие да бидат повлечени и од продавниците во земјава.
Фев 22, 2011
Создавање на Балканска унија?!
Единствен начин да се стабилизира Балканот е Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија да се обединат во Балканска унија, дознава „Сан“ од свои извори во меѓународната заедница.
Фев 18, 2011
Потрошувачката кошница нереален показател за куповната моќ
Само на Македонците и на Словенците им останувале вишок пари откако ќе ги задоволат основните месечни потреби. Дали е навистина така? Експертите и граѓаните велат не.