Skip to main content

Ное 6, 2010

Македонецот-градоначалник на општината Рокдејл во Сиднеј, Бил Саравиновски, ја изреволтирал македонската заедница во Австралија затоа што го бакнал грчкото знаме на фестивал што го организирала грчката заедница и на кој присуствувале околу 5.000 луѓе.


Ное 6, 2010

Двајца сопружници, македонски државјани од албанска етничка припадност веќе три дена се наоѓаат во транзитната зона на Бриселскиот аеродром бидејќи белгиските власти не им дозволуваат влез во земјата .


Окт 30, 2010

Летното сметање на времето завршува в недела, на 31 октомври, кога стрелките на часовниците се поместуваат еден час наназад, така што три часот по полноќ ќе се смета како два часот.


Окт 29, 2010

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека престојната зима во Македонија ќе биде вообичаена со просечни температури за овој период од годината.


Окт 26, 2010

Малопродажната цена на Еуросупер БС – 95 на полноќ се зголемува за 0,5 денари, додека цената на Еуросупер БС – 98 останува непроменета, цената Еуродизел и Екстра лесното масло се намалува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.


Окт 25, 2010

Каде отидоа балканските мажишта? Дома, чуваат деца! Ова, може многу лесно да се случи доколку идејата и мажите да можат да земат породилно отсуство се преточи во закон.


Окт 25, 2010

На 10 Ноември, во склоп на промоција на евопските кандидати за „Оскар“, ќе биде прикажан Филмот „Мајки“ на режисерот Милчо Манчевски заедно со уште 12 европски филма на Американскиот филмски Маркет во Лос Анџелес.


Окт 22, 2010

Со настапите на кубанскиот композитор и пијанист Омар Соса со квартетот Afreecanos и на вокалот Марија Пиа де Вито од Италија со својот квартет, синоќа во Универзална сала почна 29-от Скопски џез фестивал.