Окт 13, 2010
Младенците ќе склучуваат брак каде што сакаат
Брак ќе може да се склучува не само во службените простории на Управата за водење матични книги, туку и на други места, како ресторани, домови, излетнички места. Ова е предвидено со измените на Законот за семејството, кои вчера добија виза од собраниската Комисија за труд и социјална политика.
Окт 9, 2010
Нов Закон за здравствена заштита
Министерот за здравство, Бујар Османи ја презентираше работната верзија на новиот закон за здравствена заштита. Во него се предвидува воспоставување мрежа на здравствени установи, воведување концесија, сигурност во здравството и акредитација и надзор над здравствената дејност.
Окт 8, 2010
Чингоски: Цената на струјата нема да се зголеми
Моментално не постојат никакви предуслови за зголемување на цената на електричната енергија, смета првиот човек на ЕЛЕМ, Чингоски.
Окт 6, 2010
Во државава има недостаток од претшколски установи
Роди трето дете па плаќај жена да ти ги чува.
Окт 4, 2010
СРД: А1 телевизија провоцира
А1 телевизија провоцира и сака да предизвика максимално внимание со прекинот на програмата, велат од Советот за радиодифузија, кои уште од порано ја казниле телевизијата само со еднодневно неемитување на реклами.
Окт 4, 2010
Се укинува царината за увоз на половни странски возила
Од 2011-та, за увозот на возила од земјите на Европската Унија нема да се плаќа царина.
Окт 2, 2010
Македонија во НАТО – барање на 19 Конгресмени од САД
Деветнаесет американски конгресмени вчера со писмо побараа од претседателот Барак Обама да ги поттикне сојузниците на САД во НАТО да и понудат на Македонија формална покана за членство во Алијансата на претстојниот Самит во Лисабон, информира Обединетата македонска дијаспора.
Окт 1, 2010
“Мајки“ селектиран за Берлинскиот филмски фестивал
Уште еден огромен успех на филмот “Мајки“ на Милчо Манчевски по светската премиера на филмскиот фестивал во Торонто, филмот е селектиран за Берлинале, еден од трите најголеми филмски фестивали од А класа во светот (покрај Кан и Венеција). 61-то издание на Берлинале ќе се одржува од 10 до 20 февруари 2011 година.