Четрнаесетти Славистички конгрес од денес во Охрид
Над 600 слависти од 40 земји од светот ќе земат учество на 14. Славистички конгрес што од 10. до 16. септември за прв пат ќе се одржи во Охрид, а на поканата на организаторот единствено не се одзвале славистите од Грција.
Словачка ќе и помага на Македонија за креирање на европска социјална политика
Министерот за труд и социјална политика Џељаљ Бајрами и заменик министерот за труд, социјални работи и семејство од Словачка Владислав Борик ќе се обратат на воведната конференција на Твининг проектот „Преглед на националното трудово законодавство“, што ќе се одржи денеска во Скопје.
Седумнаесет години самостојна Македонија
Република Македонија одбележува 17 години од успешно спроведениот референдум на кој македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Паника и оштетувања на објекти по силниот земјотрес
Земјата не престанува да се тресе во Охридскиот регион
Министерот Милошоски на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на ЕУ во Авињон (RPT)
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски денеска присуствува на вториот ден на неформалниот состанок на шефовите на дипломатијата на земјите-членки на Европската унија во Авињон, Франција.
„Тартан Арми“ пристигнуваат во Скопје
Гајди и навивачи во здолништа од вчера го окупираа централното градско подрачје.
Македонска владина делегација во Брисел ќе бара датум за отпочнување преговори за членство во ЕУ
Од денес започнува нарачката на бесплатните учебници во книжарниците
Основните и средните училишта од денес ќе почнат да нарачуваат бесплатни учебници во сите книжарници во државата кои продаваат учебници за основно и за средно образование.