Skip to main content

Мар 11, 2010

Противпожарниот апарат од денеска е задолжителна опрема во сите автомобили, автобуси и камиони, според правилникот за задолжителна опрема.


Мар 10, 2010

Атина да го преиспита својот став во однос на спорот за името со Скопје и да го разгледа предлогот „Република Северна Македонија“ како решение за проблемот, побарале американскиот претседател Барак Обама и државниот секретар Хилари Клинтон на средбите во Вашингтон со грчкиот премиер Јоргос Папандреу, пишува денеска весникот „То Вима“


Мар 10, 2010

Управата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам од денес почнува со серија  обуки на вработените во субјектите задолжени да превземаат мерки и дејствија за превенција против перењето на пари и финансирање на тероризам.


Мар 9, 2010

Интерпелацијата предизвика огромен интерес кај пратениците и имаше преку 30 пратеници кои дискутираа на оваа тема. По десетчасовна дискусија, сосема очекувано заврши расправата по интерпелацијата на пратеничката група на СДСМ за работата на првата антикорупционерка Мирјана Димовска.


Мар 8, 2010

Македонското Министерство за надворешни работи се уште нема информации за смртта на македонскиот државјанин во Авганистан. Велат македонскиот конзулат ги контактирал авганистанските власти, но се уште немаат повратна информација.


Мар 8, 2010

Германската радиотелевизија НДР повеќе не смее да објавува информации со кои ќе „буди сомнеж“ дека фирмата „Еколог“ врши трговија со дрога, вака одлучи судот во Хамбург.


Мар 6, 2010

Македонската влада денеска ќе ги објави новите антикризни мерки. Според вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски,
дел од новите мерки ќе бидат донесени на барање на бизнис заедницата, а дел на иницијатива на надлежите министерства.


Мар 6, 2010

Градбите во Македонија се стабилни, но во случај на посилен потрес се можни оштетувања. Стручњаците стравуваат за градбите од периодот на транзицијата. Но, силни земјотреси во догледно време не се очекуваат.