Skip to main content

Мар 2, 2010

Состојбата со зголемениот број македонски азиланти во Белгија е навистина загрижувачка. Ова денеска во Скопје го изјави евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере, додавајќи дека од тие причини, белгискиот премиер набргу ќе го посети целиот регион.


Мар 2, 2010

Во секој миг во Охридскиот суд се очекуваат резултатите од вештачењето на бродот Илинден, за да се утврдат причините за неговото потонување на петти септември минатата година, кога животите во бродоломот во Охридското езеро ги загубија 15 бугарски туристи.


Мар 1, 2010

Турски “TAV Airports Holding“, од денеска офцијално ги презема двата македонски аеродроми скопскиот “Александар Велики“ и “Свети Апостол Павле“ во Охрид.


Мар 1, 2010

Во Македонија, во случај да се утврди злоупотреба на податоци казните се високи. Во 2009 до Дирекцијата за заштита на личните податоци пријава за злоупотреба на лични податоци на интернет дале 130 лица, најчесто од мрежите за дружење како Facebook.


Фев 27, 2010

Нивото на Охридското Езеро и вчера порасна и достигна 21 сантиметар над дозволената граница, но од Центарот за управување со кризи информираа дека состојбата е стабилна и дека од денеска се очекува опаѓање на нивото на водата.


Фев 27, 2010

НАТО спроведува истрага за работењето на компанијата „Еколог“, која е во сопственост на Албанци од Македонија. Фирмата вршела логистичка поддршка за НАТО во Авганистан, но постојат сомнежи дека се шверцувала и дрога.


Фев 26, 2010

Швајацарскиот парламентарец Андреас Грос е убеден-за многу прашања околу авионската несреќа во која животот го загуби македонскиот екс-претседател Борис Трајковски, одговор можат да дадат само меѓународни организации.


Фев 26, 2010

Германскиот пратеник и претседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ, Јорго Шацимаркакис, за ДВ ја потврдува информацијата, објавена по состанокот на македонскиот премиер Никола Груевски со европарламентарците.