Апр 7, 2010
Марш по повод Светскиот ден на здравјето
Министерството за здравство во соработка со Институтот за јавно здравје на Македонија по повод 7 април, Светскиот ден на здравјето, денеска организираат заеднички марш од плоштадот Македонија до Градскиот парк, што ќе го предводи ресорниот министер Бујар Османи.
Апр 6, 2010
Прва македонска астрономска опсерваторија на Плачковица
Првата македонска астрономска опсерваторија во која професионалци ќе работат 24 часа, ќе се наоѓа на Плачковица. Тука во срцето на планината, во непосредна близина на познатото детско одморалиште со кое стопанисува државниот универзитет Гоце Делчев од Штип, планирана е локацијата на два милиони вредната инвестиција.
Апр 6, 2010
Грција ќе гласа за новото име на Македонија?!
Зошто Друцас ја презеде одговорноста тој да соопшти дека за Грција е прифатливо името Северна Македонија, а не Папандреу, кој е министер за надворешни работи?
Апр 5, 2010
Секој трет Македонец е сиромашен
Според официјалните податоци индексот на сиромаштија во Македонија изнесува околу 30 отсто, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Додека експертите укажуваат на потребата од подобра социјална политика, Министерството за труд и социјална политика најавува двегодишен проект за социјално вклучување и борба против сиромаштијата.
Апр 5, 2010
Никола Ристановски снима филм во Подгорица
„Малиот бог на љубовта” е насловот на долгометражниот игран филм што во режија на Жељко Сошиќ денеска треба да почне да се снима во Подгорица.
Апр 5, 2010
Грчките попови и на Велигден тераат политика
Солунскиот епископ Антим, дури и велигденските празници ги користи да го подгрева грчкиот антимакедонизам.
Апр 5, 2010
Повторно лажни стотки и илјадарки
Фалсификувани евра што се пуштаат во оптек на македонските пазари повеќе ги загрижуваат надлежните институции за борба против овој вид криминал отколку лажните денари. Фалсификуваните валути на ЕУ, во земјава доаѓаат исклучиво од странство, за разлика од лажните денари, кои поединци или мали групи ги изработуваат на домашен терен.
Апр 3, 2010
Велигден – најголем христијански празник
Православните и католичките верници утре го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото Воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.