Ное 25, 2009
Ќе има ли штрајк на контролорите на летање ?
Управниот одбор на Акционерското друштво за давање услуги во воздухопловната навигација М-НАВ во среда ќе одржи конференција за новинарите по повод последните случувања во друштвото.
Ное 24, 2009
Гранит го доби тендерот на Агенцијата за патишта
Станува збор за тендер вреден 2,5 милиони евра, за реконструкција на 17 патни правци во Полошко-кумановскиот регион, се вели во известувањето на најголемата македонска градежна компанија Гранит.
Ное 24, 2009
Студија на УНИЦЕФ за мултикултурализмот во Македонија
Студија на УНИЦЕФ за мултикултурализмот и меѓуетничките односи во образованието во Македонија во вторник ќе биде промовирана во Скопје.
Ное 23, 2009
Холандскиот министер за правда во Македонија
Холандскиот министер за правда на Холандија, Хирш Балин во понеделник треба да допатува во службена посета на Македонија.
Ное 23, 2009
Словенечката министерка за внатрешни работи во Македонија
Висока делегација на словенечкото Министерство за внатрешни работи, предводена од министерката Катарина Кресал и генералниот директор на словенечката полиција, Јанко Горшек в понеделник ќе допатува во Скопје.
Ное 21, 2009
Почнува вакцинацијата против новиот грип
Со вакцинација на лекарите и медицинските сестри на Инфективната клиника во Скопје, денеска почнува имунизацијата против новиот грип А (Х1Н1) во Македонија.
Ное 21, 2009
Државен натпревар во претприемаштво
Натпревар во претприемништво за средношколци на возраст од 15-18 години од средни стручни училишта ќе се одржи во сабота во десет држави, вклучително и Македонија.
Ное 20, 2009
Тамифлу од денес ќе се продава и во аптеките
Од денеска тамифлу и во аптеките, одлучи Комисијата за пандемски грип.