Идентификувани сите 45 жртви од автобуската несреќа
Идентификувани се сите 45 жртви од автобуската несреќа на автопатот „Струма“, изјави денеска заменик-главниот обвинител и директор на Националната истражна служба Борислав Сарафов за БТА.
Студнетите протестираат против екстерното тестирање
Голем број студенти денеска напладне се собраа пред платото на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од каде тргнаа на Студентскиот марш со кој бараат властите да се откажат од идејата за воведување екстерното тестирање на универзитетите.
Во завршна фаза е проектот за конзервација на локалитетот Манчевци во Охрид
Според планираните активности, до крајот на годинава ќе бидат целосно завршени конзервацијата и илуминацијата, со што ќе биде промовирана уште една значајна културно-историска позиција во Старото охридско јадро, во непосредна близина на црквата „Св. Софија“.
Стартува задолжителното носење на зимска опрема во моторните возила
Од денес задолжително носење на зимска опрема во моторните возила надвор од населено место.
Утре во Охрид, саем за вработување
Во петок (14.11), во Салата Билјанини Извори во Охрид, ќе биде одржан четвртиот Саем за Вработување.
Кој правел „местенки“ на годинашниот „Скопски фестивал“?
Министерството за внатрешни работи во моментот ги проверува листинзите од сим-картичките што ги запленило синоќа, а од кои повеќе лица, меѓу кои и јавни личности гласале за изведувачи на „Скопксиот фестивал“, вели за „Плусинфо“ портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Со средства од ЕБОР ќе се градат патните правци Охрид – Пештани, Требеништа – Струга
Бордот на директори на Европска банка за обнова и развој ѝ одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта.
Уапсен осомничениот за трократното убиство во Кавадарци
Полицијата го уапси 40-ет годишниот Тони Станоев осомничен за убиство на три лица во Кавадарци.