Презентирана туристичката понуда на Охрид во Прага
Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за ТЛЕР во Прага одржа презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни тур оператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми.
Државата ќе субвенционира нови летови од скопскиот и охридскиот аеродром
Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави јавен повик со кој ќе бара нискобуџетна авиокомпанија која ќе добие државни субвенции за да воспостави авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Шпанија и Норвешка, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.
Нов пад на цените на бензините
Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, за еден денар се намалуваат малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот поевтинува за половина денар.
Во зградата на Владата било пукано од ракетен фрлач РПГ?
Напаѓачите биле вешти во ракување со ваков тип на оружје, оти со него не може да управува секој. Ова се претпоставките на дел од професионалните војнициво врска со понеделничкиот инцидент кога два проектили завршија во владиниот објект на „Илинденска“, пишува „Утрински весник“.
Целосно изгорена зградата на Жито Битола
Пожарот кој избувна вчера во објектот на „Жито Битола“ e изгаснат уште синоќа во 21 часот изјави утринава за Канал 5 заменик командирот на противпожарната единица Горан Димкоски.
Метар по метар се раѓа автопатот Охрид – Кичево
Метар по метар вредните работници трпеливо ја создаваат траекторијата по која ќе минува новиот автопат. Теренот со исклучително непријатна конфигурација претставува вистинска опасност за работниците, кои со своите машини го пробиваат теренот, пишува „Нова Македонија“.
Јана Ивановска е милионитиот патник на скопскиот аеродром
„ТАВ Македонија”, компанијата која е дел од водечкиот аеродромски оператор, холдингот „ТАВ Аеродроми”, на 28 октомври, го пречека милионитиот патник на аеродромот „Александар Велики” во Скопје со церемонија за доделување на награда.
Страшните тајни на малолетничкиот затвор во Велес
Надвор од контрола е она што се случува во малолетничкиот затвор во Велес алармира народниот правобранител. После двете силувања на малолетници во затворот, во велешката полиција е пријавен нов инциден, објавува „Телма“.