Skip to main content
Ное 15, 2014

Од денес задолжително носење на зимска опрема во моторните возила надвор од населено место.


Ное 13, 2014

Во петок (14.11), во Салата Билјанини Извори во Охрид, ќе биде одржан четвртиот Саем за Вработување.


Ное 13, 2014

Министерството за внатрешни работи во моментот ги проверува листинзите од сим-картичките што ги запленило синоќа, а од кои повеќе лица, меѓу кои и јавни личности гласале за изведувачи на „Скопксиот фестивал“, вели за „Плусинфо“ портпаролот на МВР, Иво Котевски.


Ное 13, 2014

Бордот на директори на Европска банка за обнова и развој  ѝ одобри на Република Македонија 305 милиони евра за финансирање инфраструктурни проекти, од кои 145 милиони евра за втората фаза од железничката пруга кон Бугарија, односно Бељаковце – Крива Паланка и 160 милиони евра за Програмата за национални патишта.


Ное 11, 2014

Полицијата го уапси 40-ет годишниот Тони Станоев осомничен за убиство на три лица во Кавадарци.


Ное 10, 2014

Градоначалникот на Општина Охрид заедно со тим од секторот за ТЛЕР  во Прага одржа презентација на туристичката понуда на Охрид пред сите позначајни тур оператори од Чешката Република, како и пред новинари од најзначајните специјализирани списанија и магазини за туризам и останати медиуми.


Ное 3, 2014

Министерството за транспорт и врски наскоро ќе објави јавен повик со кој ќе бара нискобуџетна авиокомпанија која ќе добие државни субвенции за да воспостави авиолинии од скопскиот аеродром „Александар Велики“ кон Шпанија и Норвешка, вели министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески.


Ное 3, 2014

Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, од ноќеска на полноќ, за еден денар се намалуваат малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, а дизелот поевтинува за половина денар.