Здравствените книшки ќе заминат во историјата за околу една година
Дотогаш граѓаните ќе мора на секој преглед да ги носат со себе здравствените книшки оти без нив нема да можат да ги користат здравствените услуги, пишува „Нова Македонија“.
Оглас на МТСП за промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници
Министерството за транспорт и врски утре (1 октомври 2014 година) ќе објави оглас за одобрување на возни редови за нови линии или промена на возни редови на одобрени линии во меѓуопштинскиот и меѓународниот линиски превоз на патници.
Истекува рокот за аплицирање за користење бесплатни курсеви за децата без родители
Утре истекува последниот рок за аплицирање на Јавниот повик кој го објави Министерството за труд и социјална политика за користење на бесплатни курсеви наменети за деца без родители и родителска грижа и за лица кои до осумнаесет годишна возраст имале статус на деца без родители и родителска грижа.
Штрајкот на матичните лекари засега во мирување
Матичните лекари засега го ставаат протестот во мирување по вчерашната средба со министерот за здравство Никола Тодоров, иако не се убедени дека нивните проблеми ќе бидат решени.
„On-line“ Инспекциски надзор за заштита на личните податоци
Од денеска до 26 септември за вработените во Дирекцијата за заштита на личните податоци ќе се одржи експертска обука на тема „Воспоставување правен основ за спроведување на он-лајн инспекциски надзор“.
Ќе има ли штрајк на матичните лекари?
Од денешните разговори на матичните лекари со министерот за здравство Никола Тодоров ќе зависи дали тие ќе останат на најавите за неколкучасовен прекин на издавањето на електронски упати и рецепти или во целост ќе го откажат штрајкот.
Колку пари им носи стајлингот на вахабистите
Секој ново регрутиран припадник на вахабистичкото движење во Македонија може добро да профитира од својот изглед.
ИКС : Видеото со извидникот Петар кој вирално се прошири е со согласност од родителите
Институтот за комуникациски студии (ИКС), ја информира јавноста дека видеото со извидникот Петар Ачкоски е сопственост на Институтот.