Skip to main content
Мај 27, 2014

Втор ден семејството Котески од Скопје, нивните роднини и пријатели, трагаат по падините околу езерото Козјак, а две екипи ги пребаруваат студените води на вештачката акумулација со надеж дека ќе го забележат педесет и едногодишниот Стеван Котески, кој последен пат е виден кога тргнал да рибари неколку часа пред големото невреме кое завчера го зафати скопскиот регион.


Мај 27, 2014

Деветтото издание на Фестивалот на улични артисти „Баскерфест 2014“ ќе се одржува низ цела Македонија, односно во 21 македонска општина.


Мај 27, 2014

Политиката на државни субвенции за развој на авиосообраќајот дава резултати, но за да биде уште подобро треба да се формира национална авиокомпанија која ќе лета под национални ознаки , пишува „Дојче Веле“.


Мај 27, 2014

Околу стотина Македонци годинава поднеле претставки до Дирекцијата за заштита на личните податоци за нарушување на честа и угледот и за изнесување невистини од страна на таканаречените хејтери (мразачи) во сајбер-просторот, објави Нова Македонија.


Мај 26, 2014

„Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!“


Мај 26, 2014

Aнтикорупциската комисија неделава ќе го објави финалниот извештај за тоа колку пари потрошиле партиите во изборната кампања за предвремените парламентарни избори, како и за претседателските избори.


Мај 26, 2014

Триесет и седум литри на метар квадратен наврнаа синоќа во македонскиот главен град за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.


Мај 22, 2014

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на земјава.