Skip to main content
Фев 27, 2014

ИО на опозицискиот СДСМ на попладневната седница закажана во 17 часот, ќе го предложи Стево Пендаровски за свој единствен кандидат на претстојните претседателски избори, потврдија за Дојче веле партиски извори.


Фев 27, 2014

Министерството за образование промовираше нова програма за лиценци за туристички водич со кој се предвидува , стручниот испит на факултетите за туризам да има и практичeн дел.


Фев 27, 2014

Минситерството за правда на Бугарија повеќе од една година ги проверува процедурите врз основа на кои биле издавани илјадници бугарски пасоши на странски државјани и реши строго да ги применува одредбите од Законот за бугарско државјанство, јавуваат бугарските медиуми.


Фев 27, 2014

Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија, соопштија за МИА од МВР.


Фев 27, 2014

Оваа година по четврт пат „Здружението на граѓани ОХО“ организира „Trash Fashion Macedonia 2014“, натпревар на креации изработени со реупотреба на материјал, наменет за сите средни училишта кои се вклучени во програмата  „Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем“.


Фев 27, 2014

Сите правни лица – резиденти на РМ кои остваруваат  добивка од вршење на дејност во земјата и странство или сте постојана деловна единица на странско правно лице која остварува добивка од вршење на дејност на територија на РM, имаат  обврска најдоцна до 28 февруари 2014 година да поднесат Даночен биланс за оданочување на непризнаени расходи  до УЈП.


Фев 26, 2014

Слаб земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во морскиот реон меѓу селата Урануполис и Амулијани на третиот крак на Халкидики во северна Грција.


Фев 26, 2014

Денес се навршуваат десет години од смртта на Претседателот на Република Македонија, Борис Трајковски, кој животот го загуби во авионска несреќа близу Ротимње, БиХ, патувајќи на средба во Мостар во 2004 година.